Најуспешниот шпански фудбалски клуб, Реал Мадрид, донесе одлука во врска со иднината на бразилскиот интернационалец Ендрик.
Иако младиот напаѓач неколку пати истакнуваше дека, и покрај ограничената минутажа, сака да остане на „Сантијаго Бернабеу“, раководството на „кралскиот клуб“ процени дека најдобро решение ќе биде да ја помине следната сезона како позајмен играч во друг клуб.




