Ако имате потреба да останете будни што подолго или цела ноќ, имаме решение за вас. Подгответе коктел што го носи предзнакот здрав и чија главна функција е да го држи организмот буден цела ноќ.
Состојки: 2 јаболки, 1 портокал, 5 ореви, малку цимет, мед по желба
Подготовка: Излупете ги јаболките и портокалот и ставете ги во блендер заедно со оревите. Добро измиксајте, на крајот додајте гi циметот и медот и уште кратко мешајте. Сипете го коктелот во чаша. За дополнително освежување ставете неколку листови нане и коцки мраз.
На здравје!