ЕП побара ЕК да отвори истрага за работата на комесарот Вархеји

Резолуцијата на Европскиот парламент за спроведување на надворешната и безбедносната политика на ЕУ, која беше усвоена денеска на пленарна седница, содржи параграф со кој се повикува Европската комисија да започне „независна и непристрасна истрага“ за Оливер Вархеји, со цел да се утврди дали однесувањето на комесарот за проширување и соседска политика „го крши кодексот на однесување на членовите на Комисијата“.

Тој член од резолуцијата беше усвоен со 357 гласа „за“, од вкупно 632 пратеници кои гласаа.

Овој напис наведува дека „комесарот одговорен за соседска политика и проширување намерно се обидува да ја заобиколи и поткопа централната важност на демократските реформи и реформите на владеењето на правото на земјите што влегуваат во ЕУ“.

Прочитајте и:  Стано: Нападот со интерконтинентална ракета врз Украина е сигнал дека Путин не е подготвен за мир

Написот стана дел од Резолуцијата на барање на холандскиот пратеник Тејс Рутен од групата на социјалисти и демократи.

МИА

- Реклама -