Центарот за јавно здравство во Белград соопшти дека се регистрирани пет случаи на лица заболени од морбили, за кои е познато дека претходно не биле вакцинирани.
Поради ова, на територијата на главниот град е прогласена епидемија на морбили (мали сипаници). Се покажало дека овие случаи немаат врска со претходно регистрираните на Косово и Метохија.
Сите лица се згрижени од здравствените установи. Кај едно од лицата е дијагностицирано и запаление на белите дробови, а кај друго лице се забележани тешки компликации на општата здравствена состојба.