Ерата на антибиотиците останува во минатото?

Некогаш сеприсутните антибиотици ја губат својата ефикасност и нивната епоха одминува.
Швајцарските научници развиле препарат на база на липиди, кој може да ги замени антибиотиците, а велат дека со ништо не отстапува по ефикасност.

Тврдењата на швајцарските медицински лица се потврдуваат од голем број истражувања. Според креаторите на препаратот успешноста на експериментите била неочекувана. Ефектот е постигнат благодарение на користењето на нанотехнологијата и на излачувањето на липозоми од липидите.

Тие потсетуваат на мембраните на клетките. Липозомите лесно ги блокираат и неутрализираат токсините. А често токму токсините стојат зад развојот на болестите. Швајцарските истражувачи сугерираат дека во блиска иднина наночестичките ќе ги заменат антибиотиците при лекувањето на голем број болести.

Прочитајте и:  Имунолог тврди дека никогаш не треба да правиме една работа кога сме настинати
- Реклама -