Ердоган му понуди на Путин да организира средба со Зеленски

Анкара, 17 март 2022 (МИА) – Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган повторно му понуди на рускиот претседател Владимир Путин да организира средба меѓу него и украинскиот лидер Володимир Зеленски во Анкара или Истанбул, соопшти кабинетот на Ердоган по неговиот денешен телефонски разговор со рускиот претседател.

Претседателот на Турција истакна дека може да биде неопходна средба на ниво на национални лидери за да се постигне консензус и ја повтори својата понуда да биде домаќин на претседателите на Русија и на Украина во Истанбул или Анкара, соопшти кабинетот на Ердоган.

Во соопштението се наведува дека Ердоган му рекол на Путин оти за договор околу одредени прашања може да биде потребна средба на лидерите.

Прочитајте и:  Турција бара од САД да биде изземена од санкциите за рускиот гас

Ердоган истакна дека трајниот прекин на огнот може да доведе до долгорочно решение, се додава во соопштението.

- Реклама -