Ердоган: НАТО не би требало да биде страна во војната на Русија против Украина

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека Турција го поддржува територијалниот интегритет, суверенитет и независноста на Украина, но истовремено се придржува до принципиелниот став дека НАТО не треба да биде страна во конфликтот во руско-украинската војна.

„Познато е дека го поддржуваме територијалниот интегритет, суверенитет и независноста на Украина. Ако зборуваме за следните чекори за поддршка на Украина, ние исто така остануваме на нашиот принципиелен став НАТО да не биде страна во војната“, рече Ердоган пред заминувањето на самитот на НАТО во Вашингтон.

Ердоган рече дека нема да има губитници во праведен мир, истакнувајќи дека Турција од самиот почеток презеде одговорност да обезбеди прекин на огнот и да го отвори патот за траен мир.

Прочитајте и:  Украински ВВС: Русија нападна со „рекордни“ 188 дронови во текот на ноќта

„Секој ден, кога пушките зборуваат, се пролева крв и умираат луѓе, што покажува колку сме во право“, рече Ердоган.

Во Вашингтон почнува тридневниот самит на НАТО, по повод 75-годишнината од постоењето на тој воен сојуз, а главна тема на состанокот ќе биде потврда на непоколебливата поддршка за Украина.

- Реклама -