Ердоган со целосна поддршка за Украина: „Земјата заслужува интеграција во НАТО“

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган, на синоќешната средба со украинскиот колега Володимир Зеленски во Истанбул, изрази целосна поддршка за Киев.

Тој по средбата изјави дека Украина „заслужува интеграција во НАТО“ и ги повика Киев и Москва да се вратат на мировните преговори.

Ердоган и Зеленски разговараа за иднината на Договорот за извоз на жито преку Црното Море. Договорот беше постигнат во јули 2022 година под покровителство на Обединети нации и Турција, а истекува на 17 јули, а Русија соопшти дека не гледа причина да го продолжи.

„Се надеваме дека Договорот ќе биде продолжен“, посочи Ердоган и најави дека за тоа ќе разговара со Путин во август.

Прочитајте и:  „Вкусот на Турција“ во Скопје

Зеленски истакна дека многу луѓе ширум светот се потпираат на тој коридор за храна „и тие животи не можат да зависат од расположението на претседателот на Руската Федерација“.

Ердоган најави и дека следниот месец претседателот на Русија, Владимир Путин ќе ја посети Турција.

МИА

- Реклама -