Ерера го натера Мхитаријан да го даде голот против Ајакс

Мхитаријан сам го даде вториот гол против Ајакс и ги скрати надежите на холандскиот тим во финалето на Лига Европа, ама практично – немаше избор.

При изведувањето на корнерот тргна да се враќа назад, напуштајќи го противничкиот шеснаесетник. Тоа го забележа Андер Ерера, и размафтувајќи се со рацете и својот авторитет на можеби иден капитен, го натера Мхитаријан да се врати во нападот пред голот. И овој, што да прави, даде гол.

Прочитајте и:  Аморим: Манчестер jунајтед уште долго ќе страда
- Реклама -