Ерген одев, поскапо ми беше

Фото: iStock

Минатата недела во малата општина Ѓаково во Хрватска имало дури четири венчавки. Не звучи како голема бројка, но со оглед на тоа за колку мало место се работи, ова е вистинска навалица, каква што не се памети со години.

Не дека нешто животниот стандард пораснал или луѓево одеднаш повеќе се заљубуваат. Причината е нешто друго – што од Ѓаково континуирано се иселуваат жителите и одат во „ветената земја“ Германија.

Но каква врска има Германија со браковите? Како што пишува порталот Фактор.мк, таа врска се вика скап живот во Германија и високи даноци за самци. Ако ги прашате мештаните, особено овие тазе венчаните, ќе ви кажат дека со таквиот чин тие во Германија преоѓаат во друга група на даночни обврзници, за која важат поинакви даноци – пониски и до 500 евра. Со други зборови, се венчаат за да си олеснат финансиски во Германија, а не од љубов.

Ете, во Ѓаково Амор може слободно да одмори.

 

- Реклама -