Зошто есента е идеална за секс?

Есента е годишно време со многу бои и овошни плодови, но и многу секс. Имено, многу истражувања покажале дека есента е идеално годишно време за секс. Нивото на машките и женските хормони расте, а не се знае точната причина. Единствено е јасно дека сексуалната желба со сигурност е во пораст.

Сè уште не мора да ги навлекувате дебелите чорапи, кои, рака на срце, не се воопшто секси.

Полека станува ладно, но сè уште не се вклучува греењето, па сексот може да биде совршена активност за да се загреете.

Жешкиот алкохолен пијалок од јаболка е одличен афродизијак, а ретко кој го знае тоа.

Дали некогаш сте имале секс во шарените лисја некаде во природата? Ако не, време е да пробате!

Во есенска облека сите изгледаат посекси, бидејќи се сокриени сите евентуални недостатоци.

Соблекувањето е повозбудливо кога се ослободувате од повеќе слоеви облека.

Есента е подобра од летото бидејќи конечно не сте испотени, а не ви е ни толку топло.

Порано се стемнува, што значи дека порано може да се активирате.

Во есен стартуваат и различни спортови, што значи и многу победи, а и победнички секс.

Ако вашиот тим изгуби, сексот ќе дојде како одлична утеха.

Есента го носи и дождот, а таквите временски услови се идеални да се затворите во приватноста и топлината на домот, да игнорирате се останато и да уживате во игрите.

Есента е и вовед во сезоната на празници, а добро знаете дека во текот на празниците задолжително качувате по некој килограм вишок. Делувајте превентивно, па есента исполнете ја со секс бидејќи сексот е идеален начин за брзо согорување на калориите.

Дочекајте го партнерот по враќањето од работа во негов џемпер. Не носете ништо под него. Може ли предлогот за секс да биде појасен од тоа?

Есента е време на мармалад, компоти и џемови. Тие може да бидат одлични секси играчки. Како? Употребете ја фантазијата!

- Реклама -