Есма и Лозано останаа без финале (видео)

Есма и Влатко Лозановски, овогодишните претставници на Македонија на Евровизија, вчера не успеаја да обезбедат влез во финале.

На втората полуфиналната вечер што вчера се одржа во Малме, Шведска беа избрани вторите 10 финалисти: за победник ќе се борат Унгарија, Азербејџан, Грузија, Романија, Норвешка, Исланд, Ерменија, Финска, Малта и Грција.

Утре за најдобра песна во Европа ќе се борат уште и Молдавија, Литванија, потоа Ирска, Естонија, Белорусија, Данска, Русија, Белгија, Украина и Холандија, а директен пласман имаат Германија, Италија, Франција, Шпанија и Велика Британија.

На 18 мај нема да гледаме ниту еден претставник од поранешните ЈУ простори.

Погледнете го настапот на Есма и Лозано

 

Прочитајте и:  Граѓаните на Базел сакаат Евровизија и покрај критиките од екстремната десница
- Реклама -