Естонија и Литванија го критикуваат Гутереш за учество на Самитот на БРИКС

Естонија и Литванија денеска го критикуваа учеството на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, на самитот на групата БРИКС, на кој домаќин е Русија, пренесе ДПА.

На самитот на БРИКС учествуваа Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка – основачите на групата, чие име произлегува од нивните иницијали. Оваа година се приклучија и Иран, Египет, Етиопија и Обединетите Арапски Емирати.

Со учеството на самитот, Гутереш „му дава јасна пропагандна победа на режимот на (рускиот претседател Владимир) Путин, напиша естонскиот министер за надворешни работи Маргус Цахкна на платформата „Икс“.

„Не треба да се враќаме на односите со агресор кој води крвава војна во Украина и грубо ја прекршува Повелбата на ОН“, додаде Цахкна.

Прочитајте и:  Кремљ одби да ги коментира обвиненијата за напад со „Кинжал“

Неговиот литвански колега, Габриелус Ландсбергис, го оцени учеството на Гутереш како „неприфатливо“, реагирајќи на објава на украинското Министерство за надворешни работи за посетата на генералниот секретар.

- Реклама -