Естонија предупредува: Русија не покажува вистинска заинтересираност за мир.

Русија се соочува со се поинтензивни внатрешни предизвици како последица на неуспесите на фронтот во Украина и економските проблеми, истакна Каупо Росин, директор на естонската надворешна разузнавачка служба. Во интервју за медиумот „Киев Индепендент“, Росин посочи дека времето не е на страна на Владимир Путин толку долго додека Западот продолжува со санкции и поддржува Украина.

„Русија не постигнува значајни успеси на бојното поле, иако цената што ја плаќа е огромна“, нагласи Росин. Тој укажа на растечкото незадоволство во Русија поради ограничувањето на интернетот, зголемените даноци и инфлацијата, додека воено напредување е се послабо. Според него, украинските напади со беспилотни летала стануваат сè поуспешни и досега погодуваат цели дури и во московскиот регион.

Прочитајте и:  САД и Иран со нов пресврт: бродови поминуваат низ укината зона за блокада

Росин смета дека Кремљ во моментов не е искрено заинтересиран за мирни преговори и предупредува дека евентуалното украинско откажување од Донбас не би донело траен мир. „Русија би можела да поднесе нови барања и повторно да иницира преговори од почеток“, додаде тој. Шефот на естонското разузнавање оценува дека Москва верува дека може да го „надмудри Западот“, додека САД сè уште остануваат главен противник на Русија.

Иако смета дека руската армија во моментов нема капацитет да ја нападне Естонија, Росин предупреди дека Западот не смее да се опушти. „Мораме да реагираме веднаш“, заврши тој.