Етно магија од Филхармонија: Зарина Првасевда го објави својот концерт на Јутјуб

Познатата уметница Зарина Првасевда го објави својот концерт „Кадифено“ на Јутуб, што им овозможува на сите љубители на нејзината музика повторно да ја почувствуваат магијата на настапот од 20 декември 2025 година, одржан во Македонската филхармонија.

Овој концерт беше првично поставен на платформата на 10 мај. Во објавата, Зарина сподели дека имала чест да гостува заедно со музичарите Тони Арслан и Андреа Мирческа, како и да ги пречекаат специјалните гости Cenk Erdoğan и Ahmet Alan. Заедно, тие создадоа уникатна вечер која беше исполнета со традиционални влијанија, етно звук и современи музички стилови.

Сега, со објавувањето на „Кадифено“ на Јутуб, публиката повторно има можност да ужива во едно од највпечатливите домашни концертни настани од минатата година, кое остави длабок впечаток кај љубителите на автентичниот и современ етно звук.

Прочитајте и:  Мицкоски: Органодарителството е најсилен доказ дека човечноста живее и по крајот на еден живот