ЕУ ги осуди иранските напади врз Израел како сериозна закана за регионалната безбедност

Европската Унија ја потврдува својата посветеност на безбедноста на Израел и најостро ги осудува нападите на Иран врз Израел, кои претставуваат сериозна закана за регионалната безбедност, се наведува во реакцијата на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел на иранските балистички ракетни напади врз израелска територија.

– Опасниот циклус на напади и одмазди уште еднаш претставува ризик за поттикнување на неконтролирана регионална ескалација која не е во ничиј интерес. ЕУ останува целосно посветена на намалување на тензиите и на свој придонес за деескалација, со цел да се избегне опасен регионален конфликт, наведува Борел во писмената изјава упатена во името на ЕУ.

Тој нагласува дека за остварување на ваквите свои заложби, ЕУ ќе остане во близок контакт со сите актери.

– Ги повикуваме сите страни на максимална воздржаност, додава Борел во изјавата.

Прочитајте и:  ОН: Израелските доселеници протерале над 1.720 Палестинци од Западниот брег

Претходно, Борел ги осуди нападите и во објава на платформата Икс нагласувајќи дека е потребен итен прекин на огнот во целиот регион и дека ЕУ останува целосно посветена на напорите за избегнување регионална војна.

Со осуда на нападите преку објава на Икс се огласи и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, која оцени дека тие претставуваат закана за регионалната безбедност.

– Смртоносната спирала на ескалација на Блискиот Исток мора веднаш да престане. Регионална војна не е во ничиј интерес. ЕУ е подготвена да ги поддржи напорите за деескалација и заштита на животите на цивилите, додаде Мишел.

Иранските балистички ракетен напади врз Израел на Икс најостро го осуди претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која во прилог на објавата ја пренесе и официјалната изјава на Борел во името на ЕУ.

- Реклама -