ЕУ „ги потроши“ санкциите за Русија, но може да продолжи да ја зголемува поддршката – вели Борел

Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел, во интервју за европскиот портал „Еурактив“, денеска изјави дека ЕУ практично ги исцрпила сите можности за санкции против Русија.

„Нема што повеќе да се направи од гледна точка на санкциите, но можеме да продолжиме да ја зголемуваме финансиската и воената поддршка за Украина“, рече Борел по состанокот на министрите за одбрана на ЕУ и Стокхолм.

На прашањата на новинарите на прес-конференцијата во Европската комисија – дали ЕУ подготвува нов пакет санкции, портпаролите не можеа да дадат прецизен одговор и се ограничија на изјавата дека земјите членки разговараат за тоа и дека расправата не може да биде јавна.

„Навистина, една година по инвазијата, доаѓаме до крајот на нашите опции“, призна Борел, на прашањето за следните потенцијални чекори што ЕУ би можела да ги преземе како одговор на руската инвазија на Украина.

Прочитајте и:  Мицкоски: Очекуваме час поскоро да се стави крај на оваа руска агресија и да можеме нормално да функционираме и да се развиваме

Тој верува дека одговорот е да се продолжи со поддршката на Украина, да се спречи избегнувањето санкции и да се користат замрзнатите руски средства за обнова на Украина.

„На Украина ѝ требаат многу пари само за да продолжи да работи машинеријата, земјата во војна има големи финансиски потреби. Тоа ќе бара многу напор од наша страна, така што санкциите и воената поддршка не се сè“, рече Борел.

МИА

- Реклама -