ЕУ: Мажите да одат на породилно од 4 месеци

Предложената Директива на Европската комисија за ускладување на приватниот и работниот живот на родителите уште веднаш предзивика жестоки полемики во државите членки. Целта на директивата е да се осигура поголема еднаквост на половите, пред сé на пазарот на трудот.

Имено, сите истражувања покажуваат дека во членките на ЕУ, меѓу вработените има значително помалку жени. Како главна причина се наведуваат обврските околу децата, но и родителите/роднините кои не можат да се грижат за себе.

Со цел порамномерна поделба на обврските во домот/семејството, авторите на предлогот сметаат дека и мажите треба да одат на породилно отсуство, и тоа во период од 4 месеци. Тоа отсуство од работа нема да можат да го пренесат на мајката, туку ќе мораат „сами да го истуркаат“.

Предвидено е и татковците да добиваат платено отсуство од 10 работни дена кога ќе им се роди дете. Двајцата родители ќе имаат право да бараат отсуство во име на нега на детето, до негови 12 години. Исто така, предвидено е да се овозможи и боледување за вработените кои се грижат за тешко болни роднини, во траење од најмалку 5 дена годишно. Ако децата им се помлади од 12 години, вработените родители ќе можат да бараат и флексибилно работно време или работа од дома, на пример.

Прочитајте и:  Стано: Нападот со интерконтинентална ракета врз Украина е сигнал дека Путин не е подготвен за мир

Предлозите, очекувано, не наидоа на сеопшто одобрение. Дел од државите членки (Холандија, Португалија, Данска), кои до сега доставија свои мислења, сметаат дека таквата директива премногу задира во националните законодавства, но и дека прашањата околу родителско отсуство мора да се решаваат преку договор меѓу социјалните партнери (меѓу самите родители). Од друга страна, земји како Чешка, Романија и Италија се сложуваат со предложената директива. Сепак, за нејзино прифаќање ќе биде потребен консензус од сите членки.

- Реклама -