ЕУ од 1 јануари 2025 година воведува забрана за амалгамски пломби

Советот на Европска Унија и Европски парламент донесоа одлука за забрана на амалгамски забните пломби што содржат жива, која ќе стапи во сила на 1 јануари 2025 година.

Сребрените или амалгамските пломби со децении беа основа во третманот на кариес, а за нивно производство се користени метали како сребро, калај, бакар и жива. Стоматолозите се загрижени поради живата во пломбите, бидејќи иако е во мали количини, со текот на времето се акумулира во телото, особено во ткивата, како што се мозокот и бубрезите.

Од 2018 година, забрането е користење на амалгамски пломби за лекување на забите на деца под 18-годишна возраст и бремени жени.

Според Светската здравствена организација, живата е еден од 10-те производи или групи хемиски производи кои претставуваат посебни проблеми за јавното здравје, поради што се препорачуваат побезбедни алтернативи.

Прочитајте и:  Орбан: Следуваат двата најопасни месеци од војната, Западот треба најсериозно да ги сфати зборовите на Путин
- Реклама -