ЕУ и покрај тензиите ќе ѝ додели 900 милиони евра на Унгарија

Европска Унија е подготвена да ѝ даде 900 милиони евра на Унгарија како аванс од нејзиниот дел од фондовите за закрепнување по пандемијата, кои остануваа замрзнати во спорот за владеењето на правото.

Европската комисија денеска соопшти дека парите, кои ги нарече „предфинансирање“, ќе бидат наменети за производството на енергија во Унгарија.

Најавата на Брисел дојде откако унгарскиот премиер Виктор Орбан беше обвинет дека е подготвен да стави вето на понатамошната помош од ЕУ за Украина и да го запре притисокот на Киев за преговори за членство со цел да се деблокираат замрзнатите средства.

ЕУ нагласи дека го одобриле планот на Унгарија да потроши 10.4 милијарди евра издвоени за неа од фондот за закрепнување по коронавирусот, но најголем дел од исплатата е суспендиран додека Будимпешта не го исполни барања за владеење на правото.

Прочитајте и:  Медиуми во ЕУ: Путин го пречекори опасниот праг

„Авансот од 900 милиони евра, сепак, не подлежи на тие услови“, истакна портпаролката на ЕК, Верле Нутс.

Таа додаде дека сумата ќе ѝ биде дадена на Будимпешта поради „итноста“ да се обезбеди „неопходната ликвидност“ на Унгарија, чија економија е во кревка состојба.

МИА

- Реклама -