ЕУ постигна договор за користење на замрзнатите руски средства за воена помош за Украина

Амбасадорите на земјите-членки на Европска Унија постигнаа начелен договор приходите од замрзнатите руски средства да се користат за воена помош за Украина, соопшти денеска белгиското претседателство со ЕУ.

– Тие пари ќе бидат искористени за поддршка на обновата на земјата и за воена одбрана на Украина во контекст на руската агресија, објави белгиското претседателство на платформата Икс.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен го поздрави политичкиот договор. 

Прочитајте и:  Лавров: Зеленски се исплаши од одговорот на Русија
- Реклама -