ЕУ со санкции за руските компании кои го градеа кримскиот мост

Европската Унија воведува санкции против компании и здруженија кои учествувале во изградбата на мостот кој ги поврзува териториите на Русија и полуостровот Крим.

Станува збор компаниите „Гипростроимост“, „Мостотрест“, ВАД, „Строигазмонтаж“, „Строигазмонтаж-Мост“ и „Залив“, кои според ЕУ, ѝ помагаат на Русија да ја зацврсти контролата што ја има врз Крим.

Вкупниот број санкционирани организации на листата на ЕУ сега изнесува 44, а претходно Унијата на 155 луѓе и забрани влез на нејзина територија и им ги замрзна имотите и средствата што ги имаат во ЕУ.

Руското Министерство за надворешни работи возврати дека ЕУ се обидува да воспостави блокада на доставувањето на енергенси на Крим и да им наштети на жителите на полуостровот.

Прочитајте и:  Русија ги брише талибанците од листата на терористи
- Реклама -