Со Youth Day kick off, Europe House Крива ќе го одбележи Денот на младите. Настанот ќе започне со Ping Pong Powerhouse, спортска работилница за млади, за истражување на пинг понгот како спорт, на 8 август во 14:00 часот на кејот на Крива Река во Крива Паланка.
На 9 август во 12:00 часот кај Градскиот музеј – Кратово ќе започне Hike&Photo for Cultural Heritage, работилница за основни фотографски вештини и истражување на културните и природни богатства на градот.
GenZ vs. GenAlpha Workshop on Programming Drones, со целодневни активности за изучување на нови кретивни и иновативни вештини преку програмирање на дрон и истражување на небото ќе се одржи на 13 август во 12:00 часот во Europe House Крива Паланка.
За љубителите на филмот на 15 август во Europe House Крива ќе се одржи Film Night for Cinephiles, Кино програма за љубителите на седмата уметност.
,,Дојди заедно да учиме нови вештини, да истражуваме нови места, играме игри, спортуваме, да го истражуваме небото, да создаваме нови пријателства. Дојди заедно да изградиме нова иднина водена од јака младина” , порачуваат од Europe House Крива.