Славната актерка организираше добротворна вечерa во нејзиниот ресторан Бесо во Холивуд на која собираше средства за нејзината организација за едукација на латиноамериканските жени.
Ева Лонгорија сака гламурозни тоалети, а токму една таква добра и за улогата на домаќинка на хуманитарна вечера. Но, многу модни критичари искоментираа дека розовиот фустан не е најскреќниот избор на актерката. Јас се согласувам со нив, а ти?
Розовата чипка на фустанот со потпис на Ели Сааб, либански мајстор за гламур со француска адреса, делуваше малку кич. Долниот дел на фустанот, пак, наликува на завеса за во детска соба. Лонгорија го спаси впечатокот со салонки со боја на кожа од Кристијан Лубутин и совршена шминка.