Еве како ќе изгледа Samsung Galaxy Note 4

Се појавија првите шпионски фотографии на Samsung Galaxy Note 4 кои што се чекаат со нетрпение од страна на сите фанови на мобилната технологија. Сликите на претстојниот Apple iPhone 6 истекоа десетици пати и речиси не остана ниту еден непознат факт од новиот уред. Samsung сепак успеаа да го заштитат во тајност изгледот на следниот Note….Барем досега.

Samsung Galaxy Note 4

samsung_galaxy_note_4_3

Навидум уредот ги обединува дизајнерските елементи од Galaxy Note 3 и Galaxy Alpha . Предниот панел е задржан во типичниот стил за Samsung  и е речиси идентичен со претходниот Note. Задниот панел повторно изгледа изработен од пластика, која што имитира кожа, но веќе ги нема измислените „конци”.

Што се однесува до страничната рамка, кај неа,  за разлика од многу модели на Samsung (Galaxy S4, Galaxy S5 , Galaxy Note 3 и др.)  најверојатно е употребен вистинскиот материјал, а не имитирацијата на  пластика. За тоа сведочат и двете сиви линии во долниот дел на рамката, кои што веројатно служат за поделба на антените вградени во истата. Во долниот дел стои и слот за S-pen, еден звучник и MicroUSB 3,0 порта.

samsung_galaxy_note_4_4

Екранот на Note 4, најверојатно повторно ќе биде со големина од 5.7 инчи со QHD резолуција од 2560 x 1440 пиксели, односно  FullHD резолуцијата на Note 3.

Се очекува Galaxy Note 4 да биде претставен во текот на технолошкиот саем IFA на 3-ти септември, а ќе влезе во продажба од 15 септември.

- Реклама -