Еве како се шират аеросолите на коpoнавирусот кога некој ќе кивне во маркет (ВИДЕО)

Научници од Финска направија 3Д симулација која покажува како се шири „облакот“ од капки и аеросоли кога заболен од коронавирус би кивнал во затворен простор, посебно меѓу полици, какви што се рафтовите во маркетите.

Како што пренесува „Сан“, целта на компјутерската симулација била да се проучи колку далеку може да достигне вирусот. Резултатите, пишува весникот, се загpижувачки – капките можат да заpaзат здрава личност дури и откако заpазениот ќе го напушти објектот во кој се накашлал или кивнал. Потребни се неколку минути за „облакот“ да се рашири и дисперзира.

Оттаму, професорот Вили Вуринен од универзитетот Алто во Финска советува дека сепак најдобар начин да се избегне заpaзата е да се избегнуваат јавни места на кои има многу луѓе, а кога сте принудени да се најдете на такви, обидете се да се задржите што е можно пократко.

- Реклама -