Дваесет години Комората на извршители: извршувањето како темел на правната сигурност
На свечената академија по повод дваесет години од основањето на Комората на извршители на Македонија, заменик-министерот за правда Ален Деребан истакна дека постапката на извршување претставува еден од носечките темели на правната сигурност и владеењето на правото.
Во своето обраќање, Деребан потсети дека во изминатите две децении извршителите се вградија како составен дел од правосудниот систем, придонесувајќи за поефикасна заштита на правата на граѓаните и на правните лица. Тој упати честитки до членовите на Комората за големиот јубилеј, нагласувајќи дека досегашните резултати треба да бидат причина за гордост и поттик за нови успеси во служба на правдата, професионалноста и општиот интерес.
Тој додаде дека Министерството за правда ќе остане посветен партнер во унапредувањето на законската рамка и во јакнењето на системот на извршување, со цел да се обезбеди современа и ефикасна јавна служба што ги штити правата и интересите на сите граѓани.



