Резултатите покажуваат дека 45 отсто од мажите велат дека би одбиле жена која што има премногу шминка.Сепак, 14 отсто од жените не ни помислуваат да излезат од дома доколку немаат барем малку шминка на себе си.
Околу 10 проценти од жените велат дека редовно се шминкаат за да ги импресионираат мажите, додека поголем број од нив тврдат дека тоа е дел од нивната дневна рутина без која што не можат да си го замислат денот, покажува студија направена на повеќе од илјада жени и 550 мажи.
Според неа, дури 40 отсто од мажите сметаат дека жените ставаат премногу шминка, односно преферираат природен изглед. Околу 45 отсто од припадниците на посилниот пол велат дека жената со претерана шминка не може да ги привлече.
Околу 50 проценти од жените во една година се шминкаат околу 1.500 пати, па велат дека имаат повеќе самодоверба кога се нашминкани. Недела е ден кој што е резервиран за „слобода на кожата“, поточно 48 проценти од жените велат дека тогаш не се шминкаат.