Еве што се случува ако ве удpи шлепер, макар и со 43 км/ч (ВИДЕО)

Да се биде добар возач значи да се внимава на сите околности на патот. Возачите на камиони, настрана исклучоците, свесни за моќта со која располага возилото кое го управуваат, по дифолт внимаваат и се обидуваат да ги предвидат потезите и на другите учесници во сообраќајот околу нив. Возачите на автомобили, меѓутоа, неретко мислат дека што прави возачот на камионот не е нивна работа и доволно е да се фокусирани само на своето возило. Како резултат, на YouTube ќе најдете купишта видеа каде возачи со автомобили претекнуваат камиони на автопат и се престројуваат во нивната лента на само неколку метри понапред, неретко во ситуации кога од низа причини многу наскоро треба да закочат и да ја намалат брзината. Тие автомобили (би требало да) знаете како завршуваат.

Германската организација за безбедност на патиштата (Dekra) изведе добра демонстрација за сериозноста на таквата ситуација. Во краш-тест меѓу патничко возило Škodа Octaviа и товарно возило, Dekra демонстрираше што се случува кога шлеперот зад вас би ве удрил, макар и со брзина од 43 километри на час. Чисто за претстава, во тестот пресметале дека на товарен шлепер, при брзина од 80 км/ч на отворен пат, му се потребни дури 41 метар за целосно да закочи. Бујрум видеото (via „Кајгана“):

- Реклама -