Еве зошто Ким Кардашиан се крие од очите на јавноста

Ако се прашувате зошто Ким Кардашиан се крие два месеци по породувањето, изгледа дека има големи планови – сака да го открие секој дел од телото за Плејбој.

Риалити ѕвездата Ким Кардашиан во новата епизода на шоуто „Keeping Up With The Kardashians“ откри дека сака повторно да позира за Плејбој. Таа веќе се најде на насловната на овој магазин во 2007 година, но интимните делови и останаа сокриени.

1204_1203-kim-kardashian-playboy-00

„Штом се породам, сакам да позирам за Плејбој и да снимам голи сцени“, рекла Ким.

Инаку три години подоцна таа зажали што позирала за овој магазин. „Жал ми е што го напаравив тоа, беше толку непријатно“, рече во 2010 година.

Сепак, таа го менува мислењето и една година подоцна изјави дека „позирањето за Плејбој било ослободување за неа“.

И нејзиниот свршеник Каени Вест ја поддржува во оваа идеја. Ким пред два месеци ја роди ќеркичката Норт.

- Реклама -