Евергрин љубовни совети

Колку и некоја пријателка да ви вели дека нејзината врска е совршена, запаметете дека ниту во една врска не цветаат секогаш ружи.

Сите имаме некакви несогласувања и проблеми, но на одреден начин можеме да ја унапредиме врската. Или барем да се обидеме да ја подобриме. Ова се совети кои е пожелно секогаш да ги имате на ум и да се придржувате до нив:

1. Не почнувајте да му викате кога ќе ви предложи нешто што не сакате. Разговарајте и најдете компромис.

tumblr_mnjl0y8aya1s15ydjo1_400

2. По сексот доближете се до него голи и прегрнувајте се. Не мора во истата секунда по оргазмот да скокнете од кревет.

3. На првиот состанок сигурно не сте се жалеле колку сте дебели. Не го правете тоа ни во врска.

4. Без оглед колку време сте заедно, ќе му биде мило да се загледате во него со заљубена насмевка и длабок поглед.

5. Колку и да не сакате, понекогаш приредете му утрински секс.

6. На кој било начин да ве повредил или разочарал никогаш не се расправајте во јавност. Никој не мора да знае за вашите проблеми.

love

7. Задржете ја дозата на женственост и таинственост така што одредени beauty ритуали ќе ги правите во негово отсуство. Верувајте дека нему му се поинтересни резултатите отколку постапката.

8. Задржете ја дозата на шарм и лудост и некогаш направете нешто што не очекува. На пример, додека пешачите зграбете го за задникот, а кога ќе ве погледне, само насмејте му се и заводнички намигнете му.

9. Понекогаш потрудете се и кога немате специјална причина за тоа да се дотерате или да облечете секси долна облека.

tumblr_mk7uk7CTXp1r0rsojo1_500

10. Не се однесувајте како сијамски близнаци. Не мора секогаш да излегувате заедно.

- Реклама -