Екипите на Вест Бромвич Албион и Евертон го затворија седмото коло во Премиер Лигата. Екипата на Евертон славеше со 3-2 по водството на ВБА од 2-0.
Резултатот го отвори Бераињо по асистенцијата на Морисон, а Досон зголеми на 2-0, како што и заврши првиот дел. На почетокот на второто полувреме, Лукаку намалува на 2-1. Во 75 минута, по асистенција на Лукаку, нововлезениот Коне го изранмува резултатот, со гол постигнат од офсајд. Судбината на ВБА ја запечатува Лукаку, по една сомнителна ситуација во шеснаесетниокт, каде тој си помага со десната рака за да ја скроти топката.
Се очекува домашниот тим да реагира до Англиската федерација.