Evian & Paul Smith ограничена серија на шишиња

psmithevian1.jpg Evian во соработка со брилијантниот моден дизајнер Sir Paul Smith од Англија лансираше ново шише во ограничена серија. Шишето е украсено со линии во живи и весели бои кои завршуваат со потписот на Paul Smith.


psmithevian.jpgEvian во соработка со брилијантниот моден дизајнер Sir Paul Smith од Англија лансираше ново шише во ограничена серија. Шишето е украсено со линии во живи и весели бои кои завршуваат со потписот на Paul Smith.

Дизајнот е младешки за целосно да се вклопи во најновата рекламна кампања на Evian “Live Young” (Живеј млад).

И капачињата на овие шишиња се во 5 различни бои, исти како и шарите. Оваа најпозната и најпопуларна минерална вода која доаѓа од Француските Алпи, веќе трета година по ред ангажира познати дизајнери за ограничените серии на своите шишиња.

За 2008 година тоа беше Christian Lacroix, а за 2009 година Jean Paul Gaultier.

“Младоста не е само прашање на возраста, тоа е и прашање на однесувањето и чувствствата“, изјави Paul Smith.

Шишињата засега ги има само во претпродажба, а на пазарот ќе се појават во ноември.

packshot_5_bottles.jpg
- Реклама -