Поради планирани технички интервенции во електросистемот, денес (12.03.2026, четврток), неколку населби во Скопје ќе бидат исклучени од снабдувањето со електрична енергија. Регионалниот центар за управување со кризи ги информира граѓаните за следниот распоред на исклучувања: во Карпош, од 08:30 до 12:30 часот, ќе останат без струја корисниците на улица “1506 Скупи”, дел од улицата “Никола Карев” (близу реката Лепенец) и објектите во близина на “Стоп енд Го”.




