Еврокомесарот Хан повика за цензус на референдумот

Еврокомесарот Јоханес Хан, синоќа на својот Твитер профил ја поздрави одлуката на Собранието да одржи референдум за Договорот со Грција на 30 септември.

„Ја поздравувам одлуката за одржување на референдум во 🇲🇰 на 30-ти септември за историскиот договор за името меѓу 🇲🇰 и 🇬🇷 . ЕУ го поддржува овој договор и неговата имплементација како симбол на помирување и добрососедски односи во регионот…  Ги повикувам сите граѓани на 🇲🇰 да го искористат своето демократско право на глас. Се работи за нивната земја и нивната сопствена иднина!“, напиша Хан.

Прочитајте и:  Стано: Нападот со интерконтинентална ракета врз Украина е сигнал дека Путин не е подготвен за мир

Од друга страна, Твитер корисниците не беа воодушевени од употребата на сликички со знамињата на Македонија и Грција како начин Хан да не го изусти (дури ни преку тастатура) зборчето „Македонија“. Меѓу нив и поранешната министерка за култура – Ганка Цветанова:

„Само кога ќе речете ‘Република Македонија’, господине Хан, ќе имате кредибилитет да ги повикате нејзините граѓани да го искористат своето демократско право да гласаат ‘за’, ‘против’ или да го бојкотираат референдумот“, врати Цветанова.

На фановите на Хан не им препорачуваме да ги читаат останатите коментари на горенаведените два негови твита.

- Реклама -