Европа е на работ на нова Студена војна со Русија, која може да трае со години, изјави министерот за надворешни работи на Велика Британија Вилијам Хејг и ја предупреди Русија против дејствија кои може да доведат до дестабилизација во источна Украина, пишува The Guardian.
Хејг наведе, дека целиот свет не верува во референдумот во кој мнозинството од жителите на Крим гласаа за отцепување од Украина и пристапувањето кон Русија.
Тој додаде дека напорите за постигнување на политичко решение на кризата ќе продолжат. Хејг сепак пресуди дека неуспехот на преговорите меѓу државниот секретар на САД Џон Кери и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров е знак за тоа дека Русија не се стреми кон смирување на тензиите.
Запрашан од BBC да го опише степенот на кризата, Хејг рече: „Не можам да го опишам како нова Студена војна, но тоа ќе зависи од насоката на настаните во следните денови. ”
Тој рече дека Русија веќе е подложена на сериозна изолација, истакнувајќи дека само таа го користи правото на вето во Советот за безбедност на ОН на крајот од минатата недела.
Од друга страна Путин смета дека сега е „Вистинското време“ за припојување на Република Крим.
Претседателот на Русија, Владимир Путин изјави официјално дека е подготвен да го ратификува нацрт законот кој предвидува припојување на Ким кон Русија.
Во документот кој е објавен на интернет страницата на Кремљ, рускиот претседател ги повикува руските власти да го одобрат законот, оценувајќи дека „вистинско време“ за ратификација.
Путин вчера го потпиша указот „за признавање на Република Крим“ со кој се признава независност на јужниот украинки полуостров, со што го отвори патот за негово спојување со Руската федерација.
Во Крим во неделата на референдум мнозинството граѓани се изјаснија за отцепување од Украина и за припојување кон Русија.