Просечниот пораст на Стариот континент се зголеми за речиси 11 см од средината на XIX век наваму. Научниците истражувале илјади луѓе во 15 земји. Растот на Британците, помлади од 21 години, бил зголемен од 167 см до 177,4 см, иако жените сепак не биле вклучени, бидејќи немало доволно стари статистички податоци за нив.
Во весникарското издание на Оксфордскиот универзитет, авторите коментираат дека тоа е позитивен сигнал за состојбата на Европејците и целокупното здравје. Лидерот на тимот проф. Тим Хатен од Универзитетот во Есекс наведува дека гените се пресуден фактор и ги објаснуваат разликите меѓу поединците, но не можат да одговорат на прашањето зошто се зголемува растот.
Висината на човекот може да биде значително засегната од она што се случува во првите две години од неговиот живот, коментира Би-Би- си. Во оваа врска масовните проблеми како болест на дишните патишта или дијареа, предизвикуваат многу смртни случаи кај децата, можат да влијаат врз развојот на поединецот како целина, а на овој начин и на подоцнежниот раст. Сепак, смртноста кај децата е намалена значително. Друг фактор е намалувањето на членовите на семејствата. На тој начин има помалку грла за јадење, што можеби овозможува купување на повеќе квалитетна храна. Повисокиот приход, подобрувањето на условите за живот и образованието, исто така би можеле да имаат ефект.
Д-р Џон Мидлтон од Факултетот за јавно здравство вели дека „ова интересно истражување сугерира дека здравствената грижа е дефинитивно фактор. Сепак, како и многу други студии и оваа покренува повеќе прашања отколку дава одговори”, додава тој.