Евростат: Инфлацијата во еврозоната достигна рекордни 7.5 проценти

Брисел, 29 април 2022 (МИА) – Годишната стапка на инфлација во еврозоната достигна рекордни 7,5 отсто во април, соопшти Агенцијата за статистика на Еверопска Унија (Евростат).

Највисоката стапка на инфлација во 19 земји од еврозоната од почетокот на водење евиденција во 1997 година е последица на остриот скок на цените на енергијата поради војната во Украина, што дополнително ги оптоварува домаќинствата и го забавува економското закрепнување од пандемијата со Ковид-19.

Инфлацијата во еврозоната урива рекорди шест месеци по ред. Претходниот рекорд беше поставен во март, кога растот на малопродажните цени изнесуваше 7,4 отсто во однос на истиот месец во 2021 година.

„Главниот фактор што придонесува за рекордната инфлација е скокот на цените на енергијата, кои пораснаа за 38 отсто во април“, наведува Евростат.

Прочитајте и:  Велика Британија одбива да коментира дали Украина користела „Сторм Шедоу“ проектили против цели во Русија

Зголемените цени, исто така, вршат притисок врз креаторите на политиката на Европската централна банка да ги зголемат каматните стапки за да ја одржат инфлацијата на рекордно ниско ниво во наредните месеци за да ја стимулираат економијата додека таа закрепнува од пандемијата.

- Реклама -