Евровизија: Србија, Хрватска, Словенија и Црна Гора не стигнаа до финале

На првата полуфинална вечер на Евровизија што се одржува во Малме, балканските изведувачи доживеаја дебакл. Без финале останаа Србија, Хрватска, Словенија и Црна Гора.

Хрватските претставници „Klapa s mora“ ја изведоа песната „Mizerja“ која не им обезбеди пласман во финале.

[youtube]http://youtu.be/N0BxWjBu_cE[/youtube]

 

Црногорскиот состав „Who See“ настапи во космонаутски одела, но песната „Igranka“ не им донесе среќа.

[youtube]http://youtu.be/u_iXcj3YE3k[/youtube]

 

Српските претставнички во групата „Moje tri“ настапија последни и овој пат, како што коментираат српските медиуми, тврдењето дека најслаткото и најдоброто останува за крај се покажа неточно.

[youtube]http://youtu.be/KXu-V5Tj_ZE[/youtube]

 

И Словенката Хана Манчини која ја изведе песната „Straight into Love“ нема да се бори за првото место на овогодишното издание на Евровизија.

[youtube]http://youtu.be/DkONZZY3RgY[/youtube]

 

Во финале се пласираа Молдавија и Литванија, потоа Ирска, Естонија, Белорусија, Данска и Русија. Белгија, исто така, го заслужи местото во финалето. Деветти финалист беше Украина, а последни кои се пласираа во финалето на изборот на песна на Евровизија беа Холанѓаните.

Вчерашното шоу во Малме го отвори детски хор кој ја изведе минатогодишната победничка песна „Еуфорија“, а им се придружи шведската пејачка Лорин, минатогодишната победничка.

Водителка на церемонијата беше шведската комичарка Патера Меде.

 

- Реклама -