Езеро кое пресушило пред 300 години, но водата почнала повторно да се враќа (ВИДЕО)

Дека чудата во природата се случуваат покажа езеро во Кина кое пресушило пред 300 години, а сега водата почнала повторно да се враќа.

Имено вода се појавила во езерото кое што се наоѓа во близина на градот Дунхуанг, на северозапад од провинцијата Гансу, благодарение на локален проект за заштита на водите кој е актуелен во последните неколку години.

Проектот вклучувал пренасочување на водните текови и зачувување на биолошката разновидност во оваа област. Одеднаш, вегетацијата започнала да се враќа во поранешната пустина, а најраспостранета е трската.

Водата во пресушеното езеро ненадејно почнала да се појавува во 2017 година, а потоа и во 2018 година. Со обилните дождови и континуирано растеле водостоите, водата оваа година се задржала 5 месец.

Во близина на езерото биле забележани преку 20 вида на диви животни.

„Минатата година наидовме на загрозена дива камила, што е многу ретка“, рече еден од службените лица во овој Национален парк.

- Реклама -