Facebook Messages: Еден инбокс за сите ваши пораки

фејсбукИзминатиов период, Facebook реши комплетно да го замени нивниот продукт за допишување со целосно функционален веб-мејл сервис. Интернет светот стана обземен од вестите и големината на проектот Титан, а некои дури го нарекуваат и „убиецот“ на Gmail, Live Mail и Yahoo. Но, дали овој проект ќе ги доживее исчекувањата на експертите или ќе создаде огромна дупка во приватноста како и чуден интерфејс за работа? Да ги согледаме фактите.


fbmessageИзминатиов период, Facebook реши комплетно да го замени нивниот продукт за допишување со целосно функционален веб-мејл сервис. Интернет светот стана обземен од вестите и големината на проектот Титан, а некои дури го нарекуваат и „убиецот“ на Gmail, Live Mail и Yahoo. Но, дали овој проект ќе ги доживее исчекувањата на експертите или ќе создаде огромна дупка во приватноста како и чуден интерфејс за работа? Да ги согледаме фактите.

Со еволуцијата на Facebook Messages, вие одлучувате како сакате да комуницирате со вашите пријатели – дали преку SMS пораки, chat, имејл или Messages. Пријателите ќе ја добијат вашата порака на начин кој им одговара на нив со што ќе имате полесен разговор во реално време. Се разбира, за F(acebook)Mail-от добивате @facebook.com адреса, што го прави овој сервис многу поразличен од обичните Messages (автоматски имате начин за комуницирање и надвор од Facebook).
Facebook, во овој случај, не се обидува да измисли нешто како Web 3.0, туку да го надгради тоа што го имаат во поширока смисла. Но, мора да се запрашаме до кој степен може да биде позитивен овој централизиран начин на комуникација? Следуваат добрите и лошите точки.

Зошто треба да го прифатите новиот Facebook Messaging System
facebook_good

Еден централизиран Messaging интерфејс

Целта на Facebook е да направи централизиран систем за комуникација, нешто слично на Google Voice. Без разлика што и да користите, на било која направа можете да ги видите вашите пораки на најприфатливиот канал. Ова е инзвонредно за денешните мобилни телефони.

Побрза комуникација

Со поразбирлив интерфејс, јасно е дека ќе добиеме и полесна, а со тоа и побрза комуникација. Поентата на денешната комуникација е што повеќе да се чувствувате како да разговарате со некој, а не како да пишувате писмо. Тука можеме да се надеваме дека ќе го поправат дефектниот Facebook chat.

Ефективни филтри за пораките

Исто како што работи Top News feed-от, филтрите на Facebook ќе го препознаваат интензитетот на пријателствата и со тоа ќе добиете корисна класификација на приоритетот на пораките според тоа со кого најмногу комуницирате.

Зошто не треба да се префрлите на Facebook Mail
facebook_evil

Facebook Mail нема да биде вистински мејл

Иако Facebook Messages може да се интегрираат со FMail, ова не значи дека ќе можете да го користите @facebook.com како вистински мејл сервис. Зукерберг се сложува дека иако можете да праќате мејл, овој сервис ќе остане интегриран и дел од Facebook.

Ќе ја ставите целата ваша историја на разговори во една кошница

Иако звучи интересно да ги организирате вашите пораки на едно место, ова може да биде злоупотребено. Ако некој дојде до пристап, ќе може многу лесно да ја прочита цела историја на разговори.

Вашето работно место може да го блокира

Според извештај на OpenDNS, Facebook е на второ место на најблокирани веб-страници, покрај MySpace. Ова е затоа што многу луѓе го злоупотребуваат сервисот на нивните работни места, па работата трпи. Затоа, ќе мора повторно да размислите ако сакате комплетно да се префрлите на Facebook Mail (приватно и работно).

Прерано е да донесеме заклучок како навистина ќе функционира овој нов систем. Facebook до сега се нема покажано како успешенодржувач на приватноста на корисниците, па затоа со сигурност можеме да кажеме дека се далеку од “убивање” на Gmail.

{youtube}RCrwEvw0dmE{/youtube}
Дали вие ќе му верувате на Facebook со вашата имејл адреса? Оставете коментар.

- Реклама -