Facebook доби „супер“ Skype видео разговори

Facebook доби „супер“ Skype видео разговориНајавата која сите ја чекавме пристигна: Facebook интегрираше Skype видео разговори (еден на еден) во нивниот систем. Користењето како што велат од компанијата е лесно и брзо, иако при нашето тестирање беше потребно малку повеќе време за да проработиме опција која сите ја имавме на Skype од 2006 година.

За да започнете со Скајп видео во Facebook, кога ќе напишете кратка порака до некој пријател, се појавува опцијата да разговарате со него преку камерата на компјутерот. Потоа ќе се појави апликација која треба да ја инсталирате, по што можете да користите видео. Започнете тука.

Иако оваа видео опција ќе им помогне на многу луѓе да се поврзат, да го развијат својот бизнис и да се откачат од тастатурата, за многумина можеби ќе биде директно нарушување на приватноста. Очекувајте наскоро да започнат повиците од далечните пријатели кои не сте ги виделе со години 🙂

Од друга страна пак, видео разговорите во броусер не сe ништо ново за Google. Не само поради фактот што Google Talk понуди видео разговори во ноември 2008, туку и поради тоа што групните видео разговори во Google+ Hangouts се опција за која допрва ќе се зборува.

Facebook се качи на последниот „видео вагон“, благодарение на акционерот Microsoft кој го купи Skype неодамна. Сепак, мора да признаеме дека тоа го направи со голема помпа и стил. [Facebook Video Calling]

- Реклама -