Facebook тестира функција со која ќе ви ги покажува старите постови

Наскоро лесно ќе можеме да се сетиме што сте објавиле на Facebook во минатото. Најголемата социјална мрежа, објави дека тестира нова функција за страницата со новости (News Feed), која ќе ги овозможи да си ги видиме нашите стари постови.

На овој нов начин ќе ви помогнеме да се потсетите на вашите омилени моменти, така што ќе го олесниме повторното разгледување на старите постови“, споделија од Facebook. Тоа изгледа дека ќе биде возможни преку кликање на копче, така што потоа ќе ни се покажат најпопуларните пораки во последната една година . Слична услуга веќе нудат компании како Timehop ​​и Memolane, а нивната цел е сите ние да се навраќаме кон најпријатните мигови од нашиот живот, кои сме ги избрале да ги споделиме на интернет.

2.png

Тестирањето на таква функција е целосно логичен потег за Facebook , чија цел е да ја претворат социјална мрежа во дигитален архив на животот на своите корисници. Во моментов , ако сакаме да се вратиме кон некој постар пост треба да го побараме во Дневник – нешто што кај некои луѓе би траело неколку часа.

Во оваа фаза, сепак, немаме идеја кога услугата ќе стане достапна за сите. Во моментов, таа се тестира меѓу мал круг корисници.

Teкстот е објавен во соработка со Socialnet.mk

- Реклама -