Фајон за МИА: Уставните измени се одговорност кон граѓаните и се неопходни за државата да оди напред

„Годинава е исклучително важна за проширувањето. Ги повикувам сите политички актери, одговорни актери, политички партии да вложат напор за уставните промени пред с во интерес на граѓаните. Тоа е одговорност кон луѓето, и сега е нужно итно државата да напредува и геостратешка можност e до крајот на 2030 година да направиме скок, да ја поврземе Европа и Северна Македонија да стане членка на Европската Унија“, вели словенечката вицепремиерката и министерка за надворешни работи и европски прашања Тања Фајон, во интервју за МИА.

„Вистина е дека државата загуби многу драгоцено време и жал ми е бидејќи патот на Северна Македонија би бил побрз кога не би биле, како што споменавте внатре политичките интереси на Бугарија, претходно и Грција, што значи дека патот на Северна Македонија е трнлив и пред сè болен. Уставните промени се клучни пред сè за еден оптимизам и поддршка на политиката и разбирање на граѓаните дека се работи за една заедничка европска иднина, која ќе обезбеди мир, безбедност и достоинство во животот на вашите граѓани“, смета шефицата на словенечката дипломатиј.

Прочитајте и:  Николоски: Ако сработиме добро со Франција, дипломатски тешкаш за едно попладне во Софија би го решил проблемот

Според неа, клучно е Македонија и Албанија со нова меѓувладина конференција конкретно да ги отворат и започнат преговорите.

„Не сакам да зборувам за одвојување на двете држави, останувам силно посветена на тоа дека Северна Македонија ќе продолжи по патот на реформите“, рече Фајон во интервјуто.

- Реклама -