Фактор.мк: Toa што за Европа е ѓубре, ние го возиме со мерак

Европа речиси секојдневно ги притегнува стегите за дизел возилата кои не ги исполнуваат критериумите на „евро 5“ еко- стандардот, па многу од овие автомобили реално би требало да завршат по европските депонии. За среќа на Европа, нé има нас.

Наспроти зголемената еколошка свест во развиените земји и сé повисоките стандарди кои се воведуваат кон намалување на загадувањето, кај нас се забележува зголемен увоз на половни возила со дизел погон, пренесува порталот Фактор.мк. Според последните анализи на Царинската управа на Македонија, во првите девет месеци од годинава во земјава се увезени вкупно 25.401 патнички автомобили, од кои дури 21.069 се половни.

Дека најголем дел од овие возила се со дизел мотор, покажува најобична прошетка по авто-плацовите за продажба на увезени користени автомобили, пишува порталот. Притоа, очигледно е дека се работи за модели кои се под удар на строгото европско законодавство за квалитетот на воздухот.

Целата статија прочитајте ја на Фактор.мк.

- Реклама -