Фановите на Мајкл Џексон добиле оштета за траума поради неговата смрт!

Пет обожаватели на Мајкл Џексон добиле оштета за душевна болка предизвикана од смртта на музичката ѕвезда. Оштетата изнесува 1 евро по лице!Conrad Murray (Foto: Pixsell)
Докторот на Џексон, Конрад Мареј, во 2011 година заврши во затвор поради убиство од небрежност и го тужеле 34 обожаватели на популарниот пејач, а судот во францускиот град Орлеанс донел пресуда со која на петмина фанови им се признава оштета за претрпена душевна болка- пишува Би-Би-Си вести.

Поради убиство од небрежност др. Конрад Мареј беше осуден на четири години затвор, но по две години тој беше ослободен од затвор.

Оштетата е симболична и изнесува едно евро, но главната цел на обожавателите е да добијат дозвола за посета на гробот на Џексон во Лас Анџелес кој не е достапен за јавноста.

- Реклама -