Фатена на дело: Како се формира грмотевицата? (видео)

Кинеските научници уловија досега невидена конфигурација на грмотевица. При процесот користеле ultrahigh-speed камера, способна да фотографира од 10.000 до 50.000 фрејмови во секунда.

Громовите што удираат на земјата, генерално се состојат од две „гранки“ наречени лидери. Едната е со негативно полнење и патува од облакот кон земјата, додека другиот „лидер“ има позитивно полнење и патува нагоре кон небото. Светкањето што произлегува од громот го означува моментот кога овие две „гранки“ се соединуваат на небото и ослободуваат огромни количини на енергија.

До сега, се мислеше дека двете гранки се спојуваат со врвовите. Новото видео покажува дека тоа не е секогаш случај – долниот лидер се спојува со горниот во точка што е 67 метри далеку од врвот, што според заклучокот на истражувањето, е доста честа појава.

После видеово, на грмотевиците ќе гледате малку поинаку:

- Реклама -