Фатена на дело: Ким Кардашиан се враќа на старата линија

Два месеци по породувањето со нејзината ќерка Норт таа се криеше од јавноста.

Но, Ким Кардашиан собра храброст и за првпат се појави во јавност, претходниот пат не се смета затоа што тогаш не сакаше да биде видена, но сепак папараците ја уловија. Таа му даде поддршка на нејзиното момче Кание Вест на погребот на неговиот дедо во Оклахома во саботата.

Со Ким беше и нејзината ќеркичка која успешно ја крие од лицето на јавноста. Под ќебенцето се гледаа само нејзините нозе.

Во изминативе два месеци Ким напорно работи да ги симне килограмите што ги доби во текот на бременоста со личен тренер. Покрај вежбите, 32-годишната риалити ѕвезда се храни здраво. Таа го најмила готвачот кој работел за Кејти Холмс по породувањето за да и спрема специјална храна и да и ги организира оброците.

Што мислите. Ќе ја врати ли Ким брзо старата линија?

article-2398332-1B6193E9000005DC-793_308x619 article-2398332-1B6194DF000005DC-125_310x619

- Реклама -