Федерер го сретна Пеле и стана Федерињо (видео)

Роже Федерер искористи дел од слободното време за време на својата турнеја во Бразил за лично да се запознае со легендарниот Пеле. Легендата на светскиот фудбал остави силен впечаток врз Швајцарецот, па тој истрча на егзибицискиот дуел со Томи Хас во дрес на фудбалската репрезентација на Бразил, воедно демонстрирајќи и завидни фудбалски квалитети пред воодушевените навивачи.

„Да се запознаам со Пеле, тоа за мене значеше остварување на еден сон. Ми претставуваше голема чест да бидам крај еден од најголемите фудбалери во историјата на овој спорт“ – изјави Федерер.

- Реклама -