Фејсбук остана без 11 милиони корисници

Најголемата друштвена мрежа „Фејсбук“ изгуби 11 милиони корисници по објавените докази дека специјалните служби ги користат податоците за свои потреби.

Девет милиони луѓе во САД и две милиони во Велика Британија ги избришале своите Фејсбук профили. Како што пренесуваат медиумите, масовното гаснење на профилите е предизвикано по неодамнешното откритие на поранешниот агент на ЦИА Едвард Сноуден дека оваа мрежа е под „будното око“ на службите.

Според истражувањата на Универзитет во Виена, 40 проценти од испитаниците корисници стравуваат дека некој може да ги користи нивните лични податоци.

Околу 13 проценти тврдат дека го напуштиле  Фејсбук, затоа што изгубиле интерес за оваа мрежа.

- Реклама -